Zülfiya Yakup
14 Февруари 2018•Ажурирај: 15 Февруари 2018
ПРИШТИНА (АА) - Како вистински пријатели, бараме најдобро решение за ратификација на договорот за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора, изјави премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, за време на посетата на Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
По средбата на делегациите од двете земји, премиерот на Црна Гора со својот косовски колега, Рамуш Харадинај, одржа прес-конференција на која рече дека Црна Гора со Косово нема проблеми, но дека постојат некои отворени прашања, чии решенија ќе се пронајдат во духот на соработката.
Тој потсети дека прашањето за демаркација во црногорскиот Парламент е завршено, но дека договорот не е ратификуван во Собранието на Косово.
„Црна Гора сака да биде добар сосед, како пријател да помогне да се реши оваа прашање, да дојдеме до договор за државната граница. Ние не сакаме во овој момент одредени разлики да ги претвориме во наш проблем и отворено прашање. Значи, за тоа разговаравме со најдобра намера, како вистински пријатели и во продолжение на нашиот дијалог кој веќе го имаме и кој ќе го обезбедиме. Ќе го бараме најдоброто решение за да имаме ратификуван договор и Косово да добие нова, голема можност кога станува збор за европската интеграција“, рече Марковиќ.
Тој, исто така истакна дека одговорните политичари носат брзи и квалитетни одлуки и не одолговлекуваат, бидејќи само таквите одлуки водат до брз напредок на земјите.
Косовскиот премиер Харадинај рече дека постои добра волја да се излезе од сегашната ситуација и се надева дека тоа прашање ќе биде решено.
Харадинај рече дека за Владата на Косово и народот на Косово, претставува чест што Душко Марковиќ е во прва, историска посета на Косово, како премиер на Владата на Црна Гора, и истакна дека оваа посета е доказ дека народите на Црна Гора и Косово не се само соседи, туку и пријателски народи.
„Овие добри односи, кои сега се потврдени со оваа посета, и сите настани меѓу двете земји во наредниот период, јас сум длабоко убеден дека ќе бидат добар пример за односите меѓу сите нас во регионот“, рече Харадинај.
Марковиќ рече дека е почестен што е првиот премиер на Црна Гора во посета на Косово по прогласувањето на независноста и дека со оваа посета ја потврди желбата на Владата на Црна Гора добрите односи со Косово да продолжат и да се подобрат.
„Ние сакаме во иднина да го поддржиме Косово на неговиот европски и евроатлантски пат. Ние, како членка на НАТО и земја во поодминат пат кон европската интеграција, сакаме да ви го пренесеме нашето искуство и да ви помогнеме“, вели Марковиќ.
Тој нагласи дека Црна Гора сака и добра економска соработка, со цел да се подобри економската соработка, предложи веднаш да се воспостави соработка меѓу двете комори, да потпишат меморандуми за соработка и да се постигне соработка за инфраструктурни проекти.
Црногорскиот премиер му се заблагодарија на Харадинај на разбирањето позицијата на црногорската заедница во Косово да се подобри низ усвоената Стратегија за интеграција и унапредување на статусот на Црногорците во Косово.
„Мојата посета немаше цел да утврдиме датуми, туку да ги потврдиме долгорочните стратешки односи и верувам дека усвоената стратегија ќе ја подобри позицијата на црногорската заедница во Косово“, рече тој.
Косовскиот премиер изјави дека по овие прашања веќе се исполнети некои од барањата и рече дека во Косово постои единство во однос на барањата за покренување на позицијата на црногорската заедница на уставно ниво.
Запрашан околу доаѓањето на припадниците на Армијата на Црна Гора на Косово во составот на КФОР, Харадинај рече дека тие се добредојдени бидејќи Црна Гора е членка на НАТО.
Марковиќ, пак, истакна дека испраќањето двајца црногорски офицери во Главниот штаб на КФОР е придонес на Црна Гора за мирот и стабилноста во регионот, и дека тоа е обврска што произлегува од членството во НАТО.
„Тоа е порака за мир и пружање раце кон регионот за да обезбедиме стабилност и солидарност за целиот регион“, рече Марковиќ.
Марковиќ утре ќе биде примен и од претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели, и претседателот на Косово, Хашим Тачи.
Посетата на Марковиќ на Косово беше планирана за минатата недела, но беше одложена поради лошите временски услови.