Bedrudin Brljavac
07 Март 2020•Ажурирај: 09 Март 2020
САРАЕВО (AA) - На Интернационалниот универзитет во Сараево (ИУС) во организација на најголемата турска медиумска невладина организација Здружението „Издавачи на Анадолија" со учество на бројни претставници на телевизии и весници од Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Програмата ја отворија заменик претседателот на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) Нуман Куртулмуш и амбасадорот на Република Турција во Босна и Херцеговина Халудин Коч.
Куртулмуш рече дека секогаш кога ја посетува Босна и Херцеговина се чувствува како дома, потсетувајќи дека двете земји имаат многу блиски историски, културни и политички врски.
„Добрите односи помеѓу народите се основа за секој просперитет и развој. Секако постојат и оние на кои им пречи што градиме мостови со Балканот и со БиХ и кои сакаат да ги срушат, но ние секогаш ќе бидеме против таквите настојанија. Една од таквите организации е и ФЕТО кои чекаат да им нанесат штета на сите, во овој случај и на едните и на другите. Единствен начин тоа да се надмине е вистинско братство и јакнење на нашите братски и деловни односи", рече Куртулмуш.
Потсети дека толеранцијата и вредностите кои Османлиите ги афирмирале им биле познати на овие простори, додавајќи дека тоа навистина може да им биде лекција на сите на кој начин повеќе нации и религии можат да живеат на еден простор без проблеми и во добри односи.
„Денес светот минува низ доста тежок период, се зајакнаа меѓунационалните судири, а терористичките закани се присутни во сите делови на светот. Мислам дека стабилноста и просперитетот се единствен противотров на овие тенденции. И ние ги сносиме последиците на овие случувања, а една од нив е и појавата на масовните миграции, од кои најмногу трпи Турција. Целиот свет може да се угледа на Турција за да се носи со оваа ситуација околу мигрантите", рече Куртулмуш.
Додаде дека неговата земја тој товар и обврски кон мигрантите сака да ги сподели со остатокот од светот бидејќи проблемот на миграциите е проблем на сите земји.
„Тоа не е само прашање на Турција, не е само една држава осудена на ова прашање. Европа, и воопшто Западот, треба да учествуваат во решавањето на оваа криза. Ние во Турција угостивме четири милиони бегалци, а некои европски земји се вознемирваат пред неколку илјади бегалци. Во Грција гледаме како во последните денови се однесуваат кон мигрантите. Мораме да упатиме апел да престанат да вршат злосторств против човечноста и да се престане со нехуманите постапки кон мигрантите. Постапките во Грција во последните денови говорат за непочитување на меѓународното право", рече Куртулмуш.
Нагласи дека неговата земја секогаш транспарентно и јасно говореша за прашањето на Сирија.
„Турција презеде акција во Идлиб и одговори на нападот на режимските сили. Турција сака што поскоро да се реши прашањето на Сирија. Драго ни е што е постигнато примирјето и се надеваме дека ќе се почитува. Овој судир може да се реши единствено со преговори и со мировни спогодби, а не со оружје. Ние само сакаме да го сочуваме мирот и да на луѓето им донесеме мир без било какви територијални аспирации", рече Куртулмуш.
Напомена дека во Идлиб би се случила втора Сребреница да не се реагираше на време.
„Турција да не ја спроведеше операцијата таму и овој напад на режимот да не се запреше, би се случило она што се случи во Сараево и Сребреница, цивилите би ги убивале со тенкови, топови, авиони. Но, Турција одлучи да заштити четири милиони цивили кои се на тој простор. Тоа е наша братска и човечка должност. Наш проблем не е кој ќе управува со Сирија. Нашата грижа и наша желба е да обезбедиме над луѓето и на територијата на Идлиб и околината да не биде извршено злосторство. Нашето настојување е да направиме прв чекор за воспоставување на демократска Сирија. Таму треба да се одржат демократски избори и се надеваме дека тоа ќе се случи што поскоро", рече Куртулмуш.
Претседателот на Здружението „Издавачи на Анадолија" Синан Бурхан во обраќањето рече дека ова здружение организира различни активности во многу земји, вклучувајќи ја и БиХ, потсетувјќи и на блиските односи на Турција и БиХ во сите области.
Турскиот амбасадор Коч истакна дека медиумите имаат многу важна улова во промоција на позитивните вредности како што се мирот и политичката стабилност.