Agim Sulaj
18 Јули 2020•Ажурирај: 20 Јули 2020
ПРИШТИНА
Во Косово починаа уште 6 пациенти како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата порасна на 130, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се откриени уште 145 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 5.617.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 562 тестирање за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 30.567 тестирања.
Од овој вирус во Косово излекувани се вкупно 2.811 лица, додека моментално има 2.676 активни случаи.