Vesna Besic
18 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
САРАЕВО
Во изминатите 24 часа во Хрватска се забележани 116 нови случаи на заразување со коронавирусот (Ковид-19), со бројката на случаи на заразување со овој вирус се искачи на 1.204, соопшти Стожерот за цивилна заштита на Република Хрватска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На болничко лекување се 139 пациенти, од кои на респиратор се осум пациенти. Нема починати лица.
Од 25 февруари, кога е зебележан првиот случај на заразување во Хрватска, до денес вкупно се забележани 4.253 лица заразени со Ковид-19, од кои починаа 120 лица, а 2.929 се опоравија.
Во самоизолација се моментално 4.507 лица. До денес вкупно се тестирани 102.189 лица, од кои 1.338 во последните 24 часа.