Zylfije Adem Jakupi
22 Март 2023•Ажурирај: 23 Март 2023
ПРИШТИНА (АА) – Активисти на вонпарламентарната Социјалдемократска партија (ПДС) го гаѓаа со торта и милкшејк Бесник Бислими, вицепремиер на Косово, пренесува Анадолу.
Претседателот на ПДС, Дардан Моликај, објави видео на социјалните мрежи на кое се гледаат активисти пред влез на зграда како фрлаат милкшејк кон Бислими и велат „ѝ честитаме на заедницата“.
„Торта и милкшејк за 'заедницата'. Се радуваат оние што го прифатија тоа! А ние, граѓаните на Косово, ќе се спротивставиме и масовно ќе бараме нивна оставка“, напиша Моликај покрај видеото.
Тој додаде дека затоа ПДС повикува на протест во сабота на 25 март.
Дардан Моликај е поранешен сопартиец на премиерот Албин Курти. Тој го напушти Движењето „Самоопределување“ заедно со уште 11 пратеници од таа партија додека беа во опозиција.