Ali Kemal Akan
22 Март 2023•Ажурирај: 23 Март 2023
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, го прими акредитивното писмо на амбасадорот на Северна Македонија во Анкара, Јован Манасиевски, јавува Анадолу.
Во рамките на приемот во претседателскиот комплекс во Анкара, новоименуваниот амбасадор на Северна Македонија му го предаде акредитивното писмо на Ердоган.
Амбасадорот Манасиевски претстави дел од вработените во амбасадата.
Манасиевски заедно со делегацијата потоа се фотографираше со турскиот претседател Ердоган.