Furkan Abdula,Fatjon Cuka,Agim Sulaj
23 Март 2023•Ажурирај: 23 Март 2023
СКОПЈЕ / ТИРАНА / ПРИШТИНА (АА)
Низ џамиите во балканските земји муслиманските верници го клањаа првиот терави намаз по повод почетокот на месецот на постот Рамазан, јавува Анадолу
Голем број верници во главните градови Скопје, Тирана и Приштина, но и во другите градови од регионот, се собраа во џамиите за терави намазот.
Како и во сите други џамии во Северна Македонија, и Мустафа-пашината џамија во Скопје беше преполнета од муслиманските верници за терави намазот.

Дел од верниците ја извршија молитвата во дворот на џамијата, откако внатрешноста беше исполнета.
Во Албанија, верниците ги извршија своите верски обреди, а во Тирана најпосетена џамија беше џамијата „Етем Бег“, каде што се собраа голем број верници.

Во Приштина, џамијата „Султан Мехмет Фатих“ беше централната џамија која ги собра повеќето муслимански верници.

Терави намазот се клања секоја вечер за време на месецот Рамазан.
Рамазан е деветтиот месец од хиџретскиот календар кој муслиманите го поминуваат во пост од рано наутро до заоѓањето на Сонцето, настојувајќи да го стекнат Божјото задоволство, моралното прочистување и духовната сила.