Bojan Bednar
01 Август 2022•Ажурирај: 02 Август 2022
БЕЛГРАД (АА) – Новиот состав на Народното собрание на Србија конституиран е денес откако беше потврден мандатот на сите народни пратеници, а по конституирањето пратениците положија заклетва, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Се колнам дека должноста народен пратеник ќе ја извршувам посветено, чесно, совесно и верно на Уставот, ќе ги бранам човековите и малцинските права и граѓанските слободи и според најдобро знаење и умеење ќе им служам на граѓаните на Србија, вистината и правдата“, е текстот на заклетвата што потоа ја потпишаа пратениците на 13. состав на Народното собрание на Србија.
Со конститутивната седница претседаваше најстариот пратеник Владета Јанковиќ, а во работата му помагаа четворицата најмлади пратеници од четирите првопласирани листи и генералниот секретар на Собранието на Србија, Вељко Одаловиќ.
Во текот на претпладневниот дел од заседавањето верификувани се само мандатите на пратениците, со што се означува дека Парламентот е конституиран, додека изборот на претседател, потпретседател, генерален секретар и други тела на Собранието на Србија се очекува за утре (вторник).
На седницата во Парламентот присуствуваа 241 пратеник, како и членови на Републичката изборна комисија.