политика

Џафери го потпиша Решениетоза првата конститутивна седница на новиот парламентарен состав

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Tалат Џафери го потпиша Решението за свикување на Првата - Конститутивна седница на Собранието на Република Северна Македонија, која ќе се одржи на 4 август

Admir Fazlagic  | 29.07.2020 - Обновена : 30.07.2020
Џафери го потпиша Решениетоза првата конститутивна седница на новиот парламентарен состав ( Фото: Архива / АА )

СКОПЈЕ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Tалат Џафери го потпиша Решението за свикување на Првата - Конститутивна седница на новиот парламентарен состав, која ќе се одржи на 4 август, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Со оглед на новонастанатата состојба со пандемијата Ковид-19 и во согласност со препораките од Комисијата за заразни болести, Конститутивната седница ќе се одвива според протоколи и критериуми коишто се утврдени во претходна координација со претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски, со единствена цел да се намали ризикот од евентуално ширење на заразата од корона вирусот", соопшти прес-службата на Собранието на Северна Македонија.

Како што соопштуваат, на пратениците, на гостите и на претставниците на медиумите при влезот во зградата на Собранието ќе им биде мерена телесна температура, по што ќе им биде овозможено да влезат во зградата. На сите влезови ќе бидат обезбедени средства за дезинфекција.

Потсетуваме, на 15 јули Државната изборна комисија (ДИК) на Република Северна Македонија ги објави конечните официјални резултати од предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули оваа година.

Според резултатите објавени од ДИК, Коалицијата „Можеме" (СДСМ) освои 46 пратенички мандати, Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и „Обнова за Македонија" освои 44 мандати, Демократската унија за интеграција (ДУИ) освои 15 пратенички мандати, Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива освоија 12 пратенички мандати, Левица освои 2 ппратенички мандати и Демократската партија на Албанците (ДПА) освои еден пратенички мандат.

Поради актуелната пандемија на коронавирусот (Ковид-19), гласањето се одвиваше три дена. На 13 јули, гласаа болните од Ковид-19 и лицата во самоизолација, на 14 јули, своето право на глас можеа да го остварат болните и немоќни лица, граѓаните во старските домови, затворениците и раселените лица, а на 15 јули гласаа сите останати граѓани во земјава со право на глас.

На изборите за 120 места во Собранието на Република Северна Македонија учествуваа 15 коалиции и политички партии со повеќе од 1.500 кандидати.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.