Abdula Berisha
01 Август 2022•Ажурирај: 02 Август 2022
ПРИШТИНА (АА) - Премиерот на Косово, Албин Курти, истакна дека во моментот кога ќе се отстранат сите барикади во северниот дел на земјата, ќе важи одложувањето на спроведувањето на владините одлуки во врска со издавањето декларациски листови на граничните премини на лицата кои влегуваат во Косово со лични карти на Србија, јавува Агенција Анадолија (АА).
На заедничката прес-конференција со министерот за внатрешни работи, Џељаљ Свечла, Курти нагласи дека синоќа имало 9 барикади со вооружени лица во северниот дел на земјата, и дека „барикадите ќе се смета дека се отстранети кога нема да остане ниту една од нив“.
„Владата на Република Косово ја повторува својата посветеност дека во моментот кога ќе се отстранат барикадите на северот и ќе се постави целосна слобода на движење на сите патишта таму, тогаш ќе се одложи спроведувањето на владините одлуки за 1 септември“, рече Курти.
Тој истакна дека продолжува спроведувањето на владината одлука на сите гранични премини, освен на Јариње и Брњак.
„Граничните премини Јариње и Брањак и натаму се затворени бидејќи патиштата што водат до таму се сè уште блокирани. На сите останати гранични премини се издава за државјаните кои доаѓаат од Србија со важност од 90 дена“, додаде тој.
Говорејќи за синоќешните инциденти, Курти рече: „Упатуваме апел до меѓународните фактори, ЕУ и НАТО да го осудат насилството и агресијата на криминалните банди во северниот дел на Косово, кои јасно е дека се поттикнати, подготвувани и финансирани од Белград.“
Од друга страна, министерот за внатрешни работи Свечла нагласи дека според последните информации, дел од барикадите се отстранети и дека продолжува процесот на отстранување и на другите барикади. Според екипата на АА што се наоѓа во местото Рударе при Општина Звечан, тргнати се камионите што го блокираа патот.
Свечла информира дека вкупно 11 граѓани побарале медицинска помош по физички напади, а оштетени се и неколку автомобили на граѓаните, како и полициски возила.