Балкан

Климатски промени: Илјадници граѓани на протести во Лондон и Стокхолм

Протестите се организирани во 110 градови и ширум Австралија, земја во која живеат околу 25 милиони жители

Tayfun Salcı, Atila Altuntaş  | 20.09.2019 - Обновена : 22.09.2019
Климатски промени: Илјадници граѓани на протести во Лондон и Стокхолм (Foto: Dursun Aydemir/ AA)

ЛОНДОН/СТОКХОЛМ (AA) - Илјадници граѓани на Велика Британија и Шведска излегоа на улиците по повод штрајкот против климатските промени, пренесува Anadolu Agency (AA).

Протест на илјадници граѓани одржан е и во околина на британскиот Парламент во Лондон.

На протестите на кои се придружи голем број ученици, имаше и транспаренти на кои пишуваше: „Запрете го геноцидот над животната средина".

Носеа транспаретни на кои се напишани критики против американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Борис Џонсон.

Илјадници граѓани излегоа и на улиците на Стокхолм. Околу 10.000 лица се собраа на плоштадот Медборгарпластен.

Протестите се организирани во 110 градови и ширум Австралија, земја во која живеат околу 25 милиони жители.

Слични собири одржани се во градовите ширум светот, во пресрет на самитот на Обединети нации за климатските промени во Њујорк.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.