Dejan Maksimoviç
21 Септември 2019•Ажурирај: 22 Септември 2019
БЕЛГРАД (AA) – Од Министерството за внатрешни работи на Србија објавија дека во заедничка акција на безбедносните агенции, по налог на Обвинителството за организиран криминал, уапсени се 8 лица, осомничени дека како членови на организирана криминална група извршиле кривично дело недозволено преминување на државната граница и криумчарење луѓе, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Постои сомнение дека припадниците на организираната криминална група од февруари до мај оваа година организирале прифаќање на илегални мигранти кои на недозволен начин од Северна Македонија влегле во Србија, и дека овозможиле нивно недозволено престојување на територијата на Прешево и транзит до Белград“, истакнаа од МВР на Србија.
Осомничените, како што се сомнева, за недозволено преминување на границата од мигрантите земале пари, кои меѓусебно ги делеле. Одреден им е притвор до 48 часа, и тие со кривична пријава ќе бидат предадени на Обвинителството за организиран криминал.