Ekipa
29 Октомври 2018•Ажурирај: 29 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Започна церемонијата на свеченото отворање на првата фаза од третиот аеродром во Истанбул со пристуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и голем број гости, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган на патот до салата во која се одржува церемонијата ги поздрави бројните гости од различни делови на светот, меѓу кои беше и македонскиот претседател Ѓорге Иванов со сопругата Маја Иванова.
По групното фотографирање гостите се префрлија во свечената сала.