Zülfiya Yakup
04 Март 2017•Ажурирај: 04 Март 2017
ПРИШТИНА (АА) - Високиот преставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Фредерика Могерини утрово пристигна во Приштина, во рамките на посетата на регионалните земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефицата на европската дипломатија, Могерини прв ја прими претседателот на Косово, Хашим Тачи, а нивниот состанок е во тек.
Како што е најавено од канцеларијата на ЕУ за Косово, потоа ќе следат одвоени средби со претседателот на Собранието на Косоо, Карди Весели и со премиерот Иса Мустафа.
Средбите на косовските официјални лица со Могерини се одржуваат во зградата на Собранието на Косово.
Високата преставничка ќе се сретне и со лидерите на косовските парламентарни партии во просториите на канцелариите на ЕУ во Приштина. Потоа заминува за Митровица, каде што ќе ги посети градежните активности на главниот мост во градот кој се ревитализира со средства на ЕУ.
Могерини во рамките на балканската турнеа која започна пред три дена, ги посети Македонија, Србија и Албанија. По посетата на Косово, високата претставничка на ЕУ замине за Босна и Херцеговина.