Mümin Altaş
29 Декември 2020•Ажурирај: 30 Декември 2020
АНКАРА
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган разговараше со хрватскиот колега Зоран Милановиќ и му упати порака на поддршка и сочувство по повод силниот земјотрес кој ја погоди Хрватска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Дирекцијата за комуникации при кабинетот на турскиот претседател соопштено е дека Ердоган во телефонскиот разговор на Милановиќ и на целиот народ на Хрватска им упатил пораки на поддршка и сочувство по повод денешниот земјотрес.
Истакнувајќи дека Турција е пријател и во „црните денови", Ердоган на Милановиќ му рече дека Турција е спремна да пружи секаков вид помош во спасувачки и други активности по земјотресот.
Разорниот земјотрес со епицентар кај Петриња, денеска напладне, се почувствува ширум Хрватска. Беше со јачина од 6,2 степени по Рихтер, соопшти денеска Сеизмолошката служба, напоменувајќи дека се очекуваат поголеми материјални штети.
Бројот на загинатите лица во земјотресот е зголемен на шест.
Оваа информација ја објави Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска на својот профил на социјалната мрежа Титер. Епицентарот на разорниот земјотрес од 6,2 степени по Рихтер беше на подрачјето на Петриња. Во земјотресот загинаа најмалку шест лица, додека најмалку шест лица се тешко повредени. Потрагата по урнатините е во тек
„Иако потрагата во урнатините и понатаму трае, со тага јавуваме информации за смртно страдани: девојче во Петриња и 5 машки лица во Мајски Полјани. Најмалку шестмина повредени и 20 полесно повредени", наведуваат од хрватското МВР.