Stipe Mayiç
23 Јануари 2016•Ажурирај: 24 Јануари 2016
ЗАГРЕБ (АА)- Новата Влада на Тихомир Орешковиќ со 20 министри ја доби довербата на 83 пратеници во Собранието, со тоа што пет пратеници беа воздржани, а против нив беше 61 пратеник, јавува Anadolu Agency (AA).
Примопредавањето на власта во седиштето на Владата, во Бански дворови, каде техничкиот премиер Зоран Милановиќ ја предаде владата во рацете на новиот премиер Тихомир Орешковиќ.
Со Орешковиќ, на примопредавањето учествуваа потпреседателите на Владата Томислав Карамарко и Божо Петров. Милановиќ рече дека владата му ја предава на Орешковиќ и притоа кратко порача дека на новиот премиер нема да му биде едноставно.
Орешковиќ изјави дека неговиот тим е спремен и дека ќе се обиде да ја зајакне економијата и да го подобри стандардот на граѓаните.
Почетокот на примопредавањето во министерствата и собраниските одбори се очекува од наредната седмица.