Stipe Mayiç
16 Јуни 2016•Ажурирај: 17 Јуни 2016
ЗАГРЕБ (АА) - Хрватскиот сабор на денешната седница со мнозинство од 125 гласови изгласа недоверба на премиерот Тихомир Орешковиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
За недоверба на Орешковиќ гласаа членовите на Татковинската коалиција, како и опозицискиот дел собран околу Социјалдемократската партија
Против отповикувањето на премиерот гласаа сите 12 членови на Мост, вкупно 15 гласови беа против отповикувањето, а два гласа беа воздржани. Во Саборот на гласањето учествуваа вкупно 135 пратеници.
На собраниската расправа не се појавија министрите на ХДЗ, како ниту Томислав Карамарко.
Изгласувањето на недоверба на премиерот Тихомир Орешковиќ, недовербата од Саборот важи и за сите министри, односно за цела Влада.
Со оваа парламентарна одлука, Владата на Тихомир Орешковиќ станува техничка или Влада во оставка.
Од денес започнува рокот од 30 дена во кој претставниците на новото парламентарно мнозинство треба на претседателката на Републиката да ѝ го претстави новиот мандатар што има парламентарно мнозинство, односно 76 гласови или повеќе.
Според најавите, ХДЗ ќе го поддржи новиот мандатар, министерот за финансии, Здравко Мариќ, и за него ќе го собере уште неизвесното парламентарно мнозинство. Ако добие мнозинство, Мариќ има право да формира нова Влада со нови министри во Владата, како и да ги задржи постојните министри кои го поддржуваат.
Доколку тоа не успее да го стори во предвидениот рок, претседателката е должна да распише нови парламентарни избори.
Опозицијата гласаше за отповикување на премиерот со цел побрзо да се распишат нови избори, и се очекува Саборот во следните денови на предлог на опозицијата може да изгласа и сопствено отповикување, што зависи од претседателот на Саборот, Жељко Рајнер.
Ако отповикувањето на Саборот влезе на дневен ред и доколку успее, со тоа веднаш би се распишале нови избори и би се спровеле во законскиот рок, не пократок од 30 дена.
За отповикување на Саборот, со пратениците од опозицијата, ќе гласаат и 12 членови на Мост кои тој чекор го најавија по уривањето на Владата на Орешковиќ.