Senita Sehercehajic
29 Декември 2020•Ажурирај: 30 Декември 2020
ЗАГРЕБ
Бројот на загинатите лица во денешниот земјотрес во Хрватска е зголемен на шест, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација ја објави Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска на својот профил на социјалната мрежа Титер. Епицентарот на разорниот земјотрес од 6,2 степени по Рихтер беше на подрачјето на Петриња. Во земјотресот загинаа најмалку шест лица, додека најмалку шест лица се тешко повредени. Потрагата по урнатините е во тек.
„Иако потрагата во урнатините и понатаму трае, со тага јавуваме информации за смртно страдани: девојче во Петриња и 5 машки лица во Мајски Полјани. Најмалку шестмина повредени и 20 полесно повредени", наведуваат од хрватското МВР.
Разорниот земјотрес со епицентар кај Петриња, денеска напладне, се почувствува ширум Хрватска. Беше со јачина од 6,2 степени по Рихтер, соопшти денеска Сеизмолошката служба, напоменувајќи дека се очекуваат поголеми материјални штети.