Admir Fazlagic
15 Март 2019•Ажурирај: 16 Март 2019
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, го осуди терористичкиот напад врз двете џамии во Крајстерч, во Нови Зеланд во кој загинаа 49 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Шокиран сум со сознанието за ужасниот терористички напад врз џамијата во Крајстерч.Се солидализираме со народот на Нов Зеланд против насилството и омразата. Наше најдлабоко сочуство", напиша Димитров, на социјалната мрежа Твитер.
Новозеландската полиција потврди дека во денешните два вооружени напади на џамиите во Крајстерч се убиени 49 лица, а повеќе од 20 се повредени. Полицијата кратко по нападот објави дека се уапсени четири лица, а дека едно од нив е идентификувано како државјанин на Австралија.