Admir Fazlagic
16 Март 2019•Ажурирај: 16 Март 2019
СКОПЈЕ (АА) - Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) ги осуди терористичките напади врз две џамии во Крајстерчерч во Нови Зеланд, во кој се убиени најмалку 49 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Бошњачкиот демократски сојуз изразува сочувство до семејствата на убиените. Бошњачкиот демократски сојуз ги повикува сите медиуми да ги користат соодветните термини кога го опишуваат овој настан, бидејќи повеќе од јасно е дека ова е терористички акт инспириран од антиисламска идеологија кој е насочен против малкубројната муслиманска заедница во Нов Зеланд", се вели во соопштението на БДС.
Потсетуваме, во терористичкиот напад кој се случи утрово во градот Крајстерчерч, врз две џамии за време на петочната молитва (џума намаз), убиени се најмалку 49 лица, а вкупно 42 се повредени. Машко лице кое ја презеде одговорноста за нападот рече дека е 28-годишен Автралиец и дека имал антимигрантски мотиви за нападот.
Лекарите од болницата во Крајстчерч соопштија дека 12 лица се наоѓаат во критична состојба.
Локалното радио на Њу Зеланд соопшти дека меѓу загинатите се наоѓа и петгодишно девојче и нејзин татко, кои ги убил терористот во текот на нападот.