Adel Omeragic
16 Март 2019•Ажурирај: 17 Март 2019
ПОДГОРИЦА (AA) - Полициски и царински службеници, во координација со Државното обвинителство во Подгорица, во пристаништето Бар запленија 31,5 килограми кокаин, вреден 2,5 милиони евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што е соопштено од полицијата, дрогата била скриена во специјален дел на контејнерот кој пристигна во пристаништето Бар од странство.
Вредноста на запленетото количество кокаин на наркопазарот е околу 2,5 милиони евра.
„Државното обвинителство во Подгорица, Управата на полицијата и Управата на царините преземаат понатамошни координирани мерки и активности“, се вели во соопштението.