Almir Terzic
04 Мај 2017•Ажурирај: 04 Мај 2017
САРАЕВО (АА) - Германската сојузна влада го отпиша долгот на БиХ во износ од 12,8 милиони евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Условот за отпишување на долгот беше инвестирање за ренатурализација на подрачјето околу рудникот кај Мостар од страна на Владата на Федерацијата БиХ, и инвестиција во водоснабдувањето и третман на отпадните води во Костајница, од страна на Владата на Република Српска, од сопствени средства, во износ од вкупно 20 отсто од долгот.
Откако сега двата ентитета го исполнија тој услов, овозможено е отпишувањето на долгот.
Амбасадорката на Германија, Кристиане Хоман, го поздрави фактот дека на овој начин финансиската соработка меѓу Германија и БиХ вродила со плод. Во ентитетот Република Српска, 4.000 лица имаат корист од новото и модерно водоснабдување, како и подобрен третман на отпадните води.
Во Федерацијата БиХ, со ренатурализација на подрачјето околу рудникот кај Мостар, Германија дава важен придонес за заштита на околината, не само во градот туку и во целиот долен тек на реката Неретва и нејзиното устие во Јадранското Море.
Досега, гермаскната Влада за проектите на Финансиската соработка во БиХ стави на располагање вкупно околу 800 милиони евра.