Балкан

Вучиќ: Мојата политика кон Косово доживеа пораз

На седницата на Главниот одбор на СНС во Сава центарот во Белград, Вучиќ наведе дека пет години се трудел и се борел, издржувајќи ги најтешките притисоци, обидувајќи се темата се врати на маса

Bojana Stojanovic  | 24.09.2018 - Обновена : 25.09.2018
Вучиќ: Мојата политика кон Косово доживеа пораз Miloš Miškov/AA

Belgrad

БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Србија и на владејачката Српска напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, изјави денес дека неговата политика кон Косово е поразена, но тој ќе се бори уште посилно за српскиот народ во Косово, најавувајќи дека по изборите во Босна и Херцеговина ќе претстави „фрапантни податоци за мешање на амбасадорите на некои западни земји“, јавува Anadolu Agency (AA).

На седницата на Главниот одбор на СНС во Сава центарот во Белград, Вучиќ наведе дека пет години се трудел и се борел, издржувајќи ги најтешките притисоци, обидувајќи се темата се врати на маса, бидејќи „Косово веќе беше завршено, фрлено, ставено ад акта, Косово е независно, тоа е тоа, само прашање на денови е кога тоа ќе го признаете“.

„Мојата политика Србија многу да сочува не доби во Србија, претрпе пораз, бидејќи Србите сакаат да изгубат сè, да плачат над нешто што остана далеку, отколку да имаат нешто во свои раце“, рече тој. 

Тој изрази стравување дека Србија наскоро нема да има некоја нова шанса, но нагласи дека тоа не значи дека нема да се бори. 

„Ќе се бориме уште посилно и уште повеќе за нашиот народ на Косово и ќе се бориме овие луѓе да живеат побогато. Се плашам дека можноста што ја имавме долго нема да ја имаме, но за нас тоа не е ни прва ни последна можност што сме ја пропуштиле“, наведе тој. 

Српскиот претседател рече дека „на тие во регионот им е потребна лоша, политика на расправии, што ќе се заканува со војна“. 

„Единствена Србија која тие сакаат да ја видат е лоша, понижена Србија и затоа не сакам да им се додворувам, да молам, да лелекам“, рече тој. 

Како што објасни, поради спротивставените интереси на големите сили, никој не може да предвиди што ќе се случи во следните 10, 15 или 20 дена. 

„Не заборавајте дека многу сметаат оти Србија е добра, успешна и подобна да стане нечиј пријател само тогаш кога Србија е слаба, понижена и на колена политички, економски. Во сè ќе бидеме најдобри, дали тоа сите го сакаат не сум сигурен и немојте да имате какви било илузии за тоа“, рече тој. 

Како што додаде, „тие Република Српска ја сметаат за нарушувачки фактор“, изразувајќи надеж дека сè ќе биде во ред со РС и српскиот народ во Босна и Херцеговина, а тој ќе ги почека изборите во Босна и Херцеговина, по што ќе изнесе „фрапантни податоци за мешањето на амбасадорите на одредени западни земји". 

„На тоа молчиме. Единствено што бараме е да се натпреваруваме во изградба на градинки, фабрики, училишта, затоа секогаш биле во можност да ни кажуваат дека ние Србите сме виновни и одговорни за сè, и кога пеат усташки песни, Вучиќ е крив, веројатно затоа што не ги научив, веројатно треба да молчиме за сè што се случувало, да го заборавиме Јасеновац“, рече тој. 

Истакна дека за еден месец ќе навршат десет години од формирањето на партијата, од моментот кога на Србија ѝ „беше потребно решавање на голем број горливи прашања и кога земјата беше пред целосен колапс, и пред целосна политичка пропаст.“

„Денес можеме да се пофалиме дека веќе трета година по ред имаме суфицит во буџетот. Проблем е само локалната самоуправа, која недоволно сериозно ги сфаќа моите зборови да ги намалува трошоците и да ги зголемува приходите, а не обратно“, рече тој. 

Седницата на Главниот одбор на СНС, на која присуствуваат 534 членови, потоа е затворена за јавноста.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın