Балкан

„Очекувам состанокот со Путин уште повеќе да ја зацврсти врската меѓу двата народа“

Српскиот претседател Вучиќ нагласи дека стабилноста на Србија, како и мирот и соработката во регионот, се основа на државната политика, но дека ништо не смее да го загрози суверенитетот и независноста на земјата

Bojana Stojanovic  | 24.09.2018 - Обновена : 24.09.2018
„Очекувам состанокот со Путин уште повеќе да ја зацврсти врската меѓу двата народа“ АА/Архива

Belgrad

БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изрази очекување дека состанокот со рускиот претседател, Владимир Путин, ќе има големо значење за понатамошното зацврснување на пријателството меѓу двата народа, како и за развој на сестраната соработка меѓу двете земји, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во пресрет на посетата на Москва, српскиот претседател денес разговараше со амбасадорот на Русија во Србија, Александар Чепурин, со кој ги разгледа конкретните предлози за стратешките проекти на економска соработка во различни области, како енергетиката и инфраструктурата.

„Претседателот Вучиќ истакна дека му е чест што ќе има можност да разговара со претседателот Путин, и дека очекува и оваа средба да има големо значење за понатамошното зацврснување на пријателството помеѓу српскиот и рускиот народ, како и за развој на сестраната соработка меѓу двете земји“, се вели во соопштението на Претседателството на Србија.

Двајцата соговорници истакнаа дека ваквите проекти ќе донесат голема корист за економскиот напредок на Србија и Русија. Во врска со тоа, најавено е и заседавање на Мешовитиот комитет за соработка меѓу двете земји.

Вучиќ рече дека стабилноста на Србија, како и мирот и соработката во регионот, се основа на државната политика, но дека ништо не смее да го загрози суверенитетот и независноста на земјата. Исто така, тој јасно и недвосмислено потврди дека Србија ќе остане воено неутрална земја.

Вучиќ треба да се сретне со Путин на 2 октомври во Москва.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın