Балкан

Во Скопје одбележан христијанскиот празник Водици

Кристијан Нинески од Скопје, успеа втора година по ред да го фати крстот. Посакувајќи здравје и среќа за сите, Нинески во изјава за медиумите рече дека минатата година му донела среќа во семејството

Abdula Berısha  | 19.01.2020 - Обновена : 20.01.2020
Во Скопје одбележан христијанскиот празник Водици (Foto: Abdula Berisha/ Anadolu Agency)

СКОПЈЕ (АА) – По повод христијанскиот празник Водици, денеска напладне во водите на реката Вардар во Скопје се одржа централната церемонија на која околу 140 кандидати се фрлија по крстот кој во водите го положи поглаварот на Македонската православна црква, г. г. Стефан, јавува Агенција Анадолија (AA).

Кристијан Нинески (26) од Скопје, успеа втора година по ред да го фати крстот. Посакувајќи здравје и среќа за сите, Нинески во изјава за медиумите рече дека минатата година му донела среќа во семејството, затоа што му се родил син.

Традиционално, на годинашната церемонија присуствуваа илјадници граѓани од Скопје.

На централната церемонија во Скопје беше присутна и владина делегација предводена од вицепремиерката и министерка за одбрана на Северна Македонија, Радмила Шекеринска.

Празникот Водици, со церемонијата на фрлање на крстот, денеска се одбележа и во другите градови и населени места во земјата, како и во земјите од регионот, меѓу кои и во Белград, Подгорица и Бања Лука.

Според христијанското верување, се смета дека на овој ден сите води се крстени, и дека оној што ќе го најде крстот, ќе го следи среќа и бериќет во текот на целата година.

Водици е ден на кој според христијанското учење, Св. Јован Крстител го крстил Исус во реката Јордан. Со овој празник завршува циклусот зимски празнувања кај христијаните, во кои спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божиќ, Василица и други празници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın