Furkan Abdula
15 Ноември 2021•Ажурирај: 16 Ноември 2021
СКОПЈЕ
Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 172 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 209.449, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 9 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.337.
Институтот за јавно здравје регистрира 381 оздравен пациент од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 193.781.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 8.331.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.483 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.430.424 тестирања.