Aldijana Hadzic
15 Ноември 2021•Ажурирај: 17 Ноември 2021
САРАЕВО
Спомен-обележјето „Казани“, посветено на убиените граѓани на Сараево во текот на 1992 и 1993 година на локалитетот Казани, откриено е денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
На иницијатива на градоначалничката на Сараево, Бењамина Кариќ, а според усвоената одлука на Градскиот совет, текстот на спомен-плочата на Казани гласи:
„СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕ КАЗАНИ“
(1992-1993)
Засекогаш со тага и почитување ќе се сеќаваме на нашите убиени сограѓани:
„Бошковиќ (Симо) Марко, 1929-1992, Бошковиќ (Спасоје) Невенка, 1933-1992, Ќераниќ (Михајло) Драгомир, 1943-1992, Драшковиќ (Бранко) Милева, 1936-1993, Франкиќ-Бркљаќ (Винко) Ранко, 1952-1993, Јовановиќ (Војо) Душко, 1954-1993, Комљенац (Илија) Марина, 1926-1993, Комљенац (Адам) Радослав, 1921-1993, Лаврив (Михаила) Ана, 1942-1993, Лаврив (Стефан) Васиљ, 1933-1993, Лемез (Неџо) Новка, 1950-1992, Николиќ (Никола) Ергин, 1966-1993, Радосављевиќ (Боро) Бранислав, 1952-1993, Шалипур (Момчило) Предраг, 1965-1993, Штета (Лутво) Аго, 1942-1993, Вучуровиќ (Добривоје) Зоран, 1952-1992, Жужа (Јефто) Стојан, 1933-1992, Сараево 2021.“
На спомен-обележјето, бројни делегации меѓу кои беа градоначалничката на Сараево, Кариќ, високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит, и претставници на неколку нивоа на власта, здруженија и политички партии положија цвеќе и оддадоа почест на жртвите.
Градскиот совет на Градот Сараево претходно го прифати предлогот на градоначалничката Кариќ, во иднина 9 ноември да биде и официјално Ден на одбележување на сеќавањето на жртвите кај Казани, кога и започна ексхумацијата на нивните посмртни остатоци.