Furkan Abdula
02 Август 2020•Ажурирај: 03 Август 2020
СКОПЈЕ
Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 166 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 11.054, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека починале уште 4 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 497.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 185 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 6.882.
Во моментот активни се 3.675 случаи со Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.419 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 105.357 тестирања за Ковид-19.