Балкан, Коронавирус

Во Северна Македонија бројот на откриени случаи на Ковид-19 надмина 200.000

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 6.191.

Furkan Abdula  | 26.10.2021 - Обновена : 27.10.2021
Во Северна Македонија бројот на откриени случаи на Ковид-19 надмина 200.000 Фото: АА/Архива

СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 511 нови случаи на коронавирусот Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 200.412, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во истиот период пријавени се 10 починати лица од Ковид-19. Со ова, билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.072.

Институтот за јавно здравје регистрира 497 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 187.149.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 6.191.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.622 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.369.624 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.