Salih Baran
22 Февруари 2017•Ажурирај: 22 Февруари 2017
ЕДРЕНЕ (АА) - Најмалку тројца мигранти загинаа при тонење на чамец со кој сакале илегално да преминат преку реката Марица, од Турција во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Гумениот чамец со вкупно осум мигранти потона во реката Марица недалеку од турскиот пограничен град Ипсала, а станува збор за мигранти кои без дозвола и документи пловеле кон Грција.
Спасувачките екипи и риболовци успеаја да спасат пет несреќни мигранти, а од водата се извлечени и тела на тројца загинати мигранти. Најверојатно се работи за мигранти од Пакистан.
Спасените мигранти, видно исцрпени и измрзнати, се префрлени во болница во турскиот град Еназ.