СКОПЈЕ (АА) - Адмир Фазлагиќ -
Кире Шарламанов, професор на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје, истакнува дека во јавноста кружат информации за тоа дека ФЕТО претставува муслимански Сорос, а Сорос претставува христијански ФЕТО. „Методите на работа на Сорос и на ФЕТО се слични. Многу е веројатно да има одредена координација“, вели Шарламанов.
Во разговорот за Anadolu Agency (AA), Шарламанов вели дека е нормално обидот за државен удар што во Турција се случи на 15. август да може да предизвика одредени шокови и во економијата и во политичкиот систем, и додава дека самиот чин на обидот за државен удар е постапка што е надвор од демократските узанси на однесување и го загрозува демократскиот живот.
Како што вели Шарламанов, во секоја демократија власта се избира и се менува на избори, додека секој обид за менување на власта по насилен пат предизвикува упад во демократските политички системи на државите.
Шарламанов истакнува дека ФЕТО, кој стои зад обидот за државен удар во Турција од 15. јули, дејствува не само во Балканот, туку и во повеќе држави, и смета дека борбата против оваа терористичка организација треба да се води не само во Турција, туку и во останатите земји.
Тој вели дека според неговите сознанија, постои и координација на активностите меѓу Република Македонија и Република Турција преку дипломатски канали, како што нагласува, со цел елиминирање на влијанието на ФЕТО во Македонија.
„Во Македонија се направени некои првични чекори за да се неутрализира влијанието на групите коишто се под влијание на оваа терористичка организација, меѓутоа поради спецификите на македонскиот политички систем и меѓупартиските и коалициони релации, на крајот, за жал, немавме финализирање на таквите напори“, објаснува професорот.
За терористичката организација ФЕТО да биде прогласена за терористичка организација и во Македонија, според професорот, препорачливо е тоа прашње да се уреди легислативно. Тој објаснува дека е можно да нема докази за формалното присуство на организацијата ФЕТО, меѓутоа, како што наведува, да има одредени други организации коишто истата идеологија, ја преземаат и ја шират во општеството.
- Споредба на ФЕТО со Сорос
Шарламанов вели дека постојат некои обвинувања дека некои активни групации во светот и во регионот, како што е Сорос, се обидуваат да влијаат на истиот начин како ФЕТО, и додава дека методите на работа на Сорос и на ФЕТО се слични.
„Кружат информации во јавноста дека ФЕТО претставува муслимански Сорос, а Сорос претставува христијански ФЕТО. Методите на работа се слични. Многу е веројатно да има одредена координација. Затоа е потребна координација на ниво на држави каде што и двете организации имаат влијание", смета Шарламанов.
Во однос на борбата против ФЕТО во Македонија, професорот Шарламанов вели: „Со оглед на тоа што го имаме ние како начин на делување на одредени групи, можеме да препознаеме одредени симптоми. Одредени групи во општеството, дури и меѓу политичките партии што се на власт покажуваат можеби блискост и се однесуваат заштитнички кон таквата организација“.
Говорејќи за чекорите што би требало да бидат преземени со цел тероистичката организација ФЕТО да се прогласи за терористичка организација и во Македонија, професорот вели дека најпрвин е потребно легислативно уредедување, па потоа да се преземат понатамошни чекори.
„Треба се донесе закон за борба против терористичките организации, во кој ќе се идентификуваат организациите што ќе подлежат под ударот на тој закон. Претпоставувам дека македонските власти ќе ја стават ФЕТО меѓу тие организациии и на тој начин ФЕТО не ќе има можност легално да дејствува во Република Македонија", нагласува Шарламанов.
Тој додава дека перцепцијата на граѓаните во Македонија за Турција е позитивна. Во тој контекст, професорот како пример ја наведува анкетата спроведена од 4 до 10 февруари во Македонија, во чии рамки едно од прашањата било која држава е најпријателски расположена кон Македонија. Според добиените одговори од граѓаните, Турција се гледа како земја што е најпријателски расположена кон Македонија.
Тој вели дека според резултатите од анкетата, и кај Македонците, и кај Албанците, Турција е најпријателски расположена кон Македонија и дека по Турција како најпријетелски расположена земја кон Македонија, следат Русија, САД и Германија.
- За држава како Турција, карактеристичен е претседателски систем
Професорот Шарламанов истакнува дека обидот за државен удар во Турција сугерира дека системот покажува знаци на слабост. Како што вели тој, тоа во општеството создава непредвидливост и нестабилност. Тој претпоставува дека тие ќе се остранат со новите уставни решенија, кои, според него, ќе донесат попредвидлив и посигурен систем за државата и за граѓаните.
Шарламанов потоа вели дека претседателскиот политички систем е легитимен како и парламентарната демократија, и додава дека за големите земји и многубројно население како што е Турција, карактеристичен е претседателски или полупретседателски систем.
Шарламанов смета дека со претседателскиот систем, Турција ќе оствари економски и политички развој. Сепак, истакнува дека тоа е прашање на кое својот одговор на референдумот ќе го дадат граѓаните на Турција.
news_share_descriptionsubscription_contact
