Agim Sulaj
25 Ноември 2020•Ажурирај: 26 Ноември 2020
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 9 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 948, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 704 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 36.253.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 1.651 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 135.969 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 22.137 лица. Моментално има 13.168 активни случаи.