Балкан, Коронавирус

Во Србија од Ковид-19 почина уште 41 лице, регистрирани 7.579 новозаразени

Од почетокот на епидемијата во земјата до сега тестирани се 1.682.416 граѓани

Bojana Stojanovic  | 25.11.2020 - Обновена : 26.11.2020
Во Србија од Ковид-19 почина уште 41 лице, регистрирани 7.579 новозаразени

БЕЛГРАД (АА) - Во Србија во претходните 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 почина 41 лице, а регистрирани се уште 7.579 новозаразени, додека до денес хоспитализирани се 6.597 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Вкупно во земјата регистрирани се 140.608 случаи на вирусот.

Од вчера тестирани се 22.231 лице, од кои 7.579 се позитивни на Ковид-19.

Во истиот период, починаа 41 лице, со што бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми на 1.315. Процентот на смртност изнесува 0,93 отсто.

На респиратори се приклучени 223 пациенти.

Од почетокот на епидемијата во земјата до сега тестирани се 1.682.416 граѓани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın