Aldijana Hadzic
28 Ноември 2020•Ажурирај: 28 Ноември 2020
САРАЕВО
Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се потврдени 1.234 нови случаи на заразување со коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Потврдени се и 32 смртни случаи од последиците на Ковид-19.
Во изминатите 24 часа, во Заводот за јавно здравство на Федерацијата БиХ пријавени се 2.196 сомнителни примероци, од кои 865 случаи се позитивни на Ковид-19.
Нови случаи се регистрирани во сите кантони во Федерацијата БиХ.
Досега се тестирани вкупно 274.412 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 55.171 лице.
Заклучно со денешниот ден, во Федерацијата БиХ излекувани се 36.082 пациенти, а во изминатите 24 часа оздравеа 896 пациенти. Моментално се активни 17.594 случаи позитивни на Ковид-19.
Во изминатите 24 часа, во Заводот за јавно здравство на Федерацијата БиХ се пријавени 14 нови смртни исходи.
Со денешниот ден, вкупната бројка смртни случаи на подрачјето на Федерацијата БиХ изнесува 1.495.
Од последниот извештај за епидемиолошката ситуација во босанско-херцеговскиот ентитет Република Српска, во последните 24 часа се направени 992 теста за вирусот Ковид-19, а потврдени се 369 случаи на заразување.
Во последните 24 часа, Институтот за јавно здравство на Република Српска пријави 18 смртни случаи кај кои е потврдено присуството на Ковид-19.
Досега во Република Српска се потврдени 29.735 случаи на Ковид-19, а починаа вкупно 1.005 лица позитивни на Ковид-19.
Во Република Српска, од Ковид-19 досега оздравеа вкупно 14.278 лица, а тестирани се вкупно 131.916 лица.