Admir Fazlagic
28 Ноември 2020•Ажурирај: 29 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 41 смртен случај од последиците на коронавирусот (Ковид-19) со што вкупната бројка на смртни случаи од овој вирус се искачи на 1.699, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 1.022 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи на овој вирус во земјата се искачи на 60.723.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 680 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени се искачи на 37.505.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 21.519.
Досега во земјата се направени вкупно 329.086 тестирања на Ковид -19, од кои 3.127 тестирања во последните 24 часа.