Балкан, Коронавирус

Во Албанија 53 новозаразени со Ковид-19, едно лице почина

Од почетокот на пандемијата во Албанија се заразени 131.238 лица, додека 2.397 лица починаа, соопшти Министерството за здравство и социјални прашања

Fatjon Cuka  | 03.05.2021 - Обновена : 04.05.2021
Во Албанија 53 новозаразени со Ковид-19, едно лице почина

ТИРАНА

Едно лице почина како последица на заразување со коронавирусот (Ковид-19), а потврдени се 53 нови случаи на заразување со овој вирус, соопштија здравствените власти во Албанија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство и социјални прашања на Албанија соопшти во недела дека од 748 тестирани 53 лица беа позитивни на Ковид-19.

Од почетокот на пандемијата во Албанија се заразени 131.238 лица, додека 2.397 лица починаа.

Се додава дека во последните 24 часа од Ковид-19 оздравиле 748 лица, додека бројот на активни случаи изнесува 17.921.

Во Албанија, земја со 2,8 милиони жители, во тек е процес на вакцинирање на граѓаните. До сега вакцината против-Ковид-19 ја примија 494.000 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın