Ekipa
02 Мај 2021•Ажурирај: 03 Мај 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 105 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 152.685, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот пријавени се 45 починати лицa, од кои 20 пациенти починале во периодот од 29 март до 10 април. Билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 4.936.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 403 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 133.473.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 14.276.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 946 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 724.668 тестирања.