Балкан

Бугарија на пат да стане „рај на луксузни возила“

- Десет отсто од продадените возила во „сиромашната“ Бугарија, ги сочинуваат лимузини

İhvan Radoykov  | 13.11.2018 - Обновена : 14.11.2018
Бугарија на пат да стане „рај на луксузни возила“

Sofiya

СОФИЈА (АА) - Бугарија, која е најсиромашната земја членка на Европската Унија (ЕУ), го привлекува вниманието со зголемената употреба на луксузни возила, јавува Anadolu Agency (AA).

По 45-годишната комунистичка диктатура, Бугарија во својот 29-годишен период на демократизација, постојано се наоѓа во криза. Со тек на времето се зголемува јазот меѓу богатите и сиромашните слоеви во Бугарија, а тоа може да се забележи и преку возилата учесници во сообраќајот.

Во соседна Бугарија се регистрирани 3,4 милиони возила, а 10 отсто од купените возила се лимузини.

Според информациите добиени од бугарското Министерство за внатрешни работи, на целата територија на Бугарија, меѓу новите луксузни возила има 201 возило „Бентли“, 81 „Ферари“, 53 „Ролс-Ројс“, 28 „Ламборџини“ и 27 возила „Астон Мартин“.

Последната година, нови сопственици најдоа повеќе од 4.000 возила произведени од луксузните брендови, како што се БМВ, „Ауди“, „Мерцедес“, „Порше“, „Лексус“ и „Јагуар“.


- Најмногу луксузни возила во Софија

Најмногу луксузни возила се возат на патиштата во главниот град Софија. Софија, со население од 1,5 милион жители, има 14 возила „Ламборџини“, а бројот на „Бентли“ се вели дека изнесува 110.

Голем дел од жителите на Бугарија во која минималната плата изнесува 255 евра, поради ниските царински такси и даноци, користат стари возила, со просечна старост од 10 до 15 години.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.