Балкан

Белград: Миланко Девиќ е осуден на 7 години затвор за воено злосторство во Клуч

Миланко Девиќ е осуден денес пред Одделението за воени злосторства во Вишиот суд во Белград на 7 години затвор за воени злосторства против цивилното население во општина Клуч, Босна и Херцеговина (БиХ), во 1992 година.

Bojana Stojanovic  | 13.11.2018 - Обновена : 14.11.2018
Белград: Миланко Девиќ е осуден на 7 години затвор за воено злосторство во Клуч

Belgrad

БЕЛГРАД (АА) - Миланко Девиќ е осуден денес пред Одделението за воени злосторства во Вишиот суд во Белград на 7 години затвор за воени злосторства против цивилното население во општина Клуч, Босна и Херцеговина (БиХ), во 1992 година, јавува Anadolu Agency (AA).

Девиќ е осуден за тоа што во втората половина на јули 1992 година со Богдан Шабот од Пиштаница и со уште еден припадник на Војската на Република Србија, Н.Н., отишол до домот на Исмет Шљивар во општина Клуч и за тоа што од куќата, на сила со закана со оружје го извел Исмет, цивил со бошњачка националност.

Потоа го одвеле до местото наречено Божин Млин во Долна Саница, каде што го убиле со повеќе куршуми. Телото потоа го фрлиле во реката Саница.

Претходно Обвинителството за воени злосторства на Србија во завршните зборови побара 9 години затвор.

На оваа пресуда може да се вложи жалба до Апелациониот суд во рок од 15 дена од денот на приемот на пресудата.

Во февруари минатата година Кантоналниот суд во Бихаќ со првостепена пресуда го осуди Богдан Шабот на 7 години затвор, поради убиството на Исмет Шљивар.

Судот во Бихаќ утврди дека токму Шабот е еден од двајцата припадници на Војската на Република Српска (ВРС) кои со Девиќ го извршиле тоа воено злосторство.

Во февруари оваа година, Врховниот суд на БиХ ја потврди осудувачката пресуда на Шабот, но ја намали на 6 години затвор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın