Bojana Stojanovic
12 Март 2021•Ажурирај: 15 Март 2021
БЕЛГРАД (АА) - Претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека во услови на пандемијата на коронавирусот е разбирливо што кај некои членки на Европската Унија не постои желба за проширување, поради што треба да се јакнат регионалните врски, јавува Агенција Анадолија (АА).
На Економскиот форум во Тирана одржан онлајн, таа оцени дека процесот на пристапување кон Европската Унија понекогаш е фрустрирачки, но дека е единствен пат за Србија.
Таа изјави и дека Србија продолжува со реформите.
„Во услови на пандемијата на коронавирусот, разбирливо е што кај некои членки на ЕУ не постои желба за проширување. Затоа треба да се движиме кон јакнење на регионалните врски, што би било добро за јакнење на Западен Балкан и побрзо приближување на земјите од регионот кон ЕУ“, оцени Брнабиќ.
Премиерката изјави дека 20 отсто од возрасната популација на Србија е вакцинирана против вирусот и дека 680.000 граѓани се ревакцинирани, и исто така се заблагодари за помошта од ЕУ која е пружена наспроти предизвиците.
„Очекуваме додатна помош од Европската Унија“, додаде таа.