Bojana Stojanovic
01 Февруари 2018•Ажурирај: 02 Февруари 2018
БЕЛГРАД, Србија и Словенија се посветени на подобрување на соработката преку отворен политички дијалог и взаемна поддршка за важни прашања, се согласија денес премиерката на Србија Ана Брнабиќ и претседателот на Словенија, Борут Пахор, јавува Anadolu Аgency (АА).
Како што соопштија од Владата на Србија, Брнабиќ и Пахор на состанокот во Словенија истакнале и дека постои и можност за соработка преку заедничко учество на двете држави на третите пазари, со посебен акцент на малите и средни претпријатија и соработка во областите на сообраќајот, енергетиката, земјоделството , градежништвото и туризмот.
Словенскиот претседател Борут Пахор додаде дека обврската на двете влади е да постигнат подобри услови за по-директна соработка на бизнисмените од двете земји.
Претседателката на српската влада изјави дека Србија особено ја цени помошта и поддршката а Словенија во процесот на европска интеграција, бидејќи членството во ЕУ е стратешка надворешно-политичка цел на земјата.
Таа ја потврди подготвеноста на Србија за понатамошно подобрување на регионалните инвестициски агенди. Како одличен пример за добра практика, премиерката ја нагласи работата на Мешовитата комисија за економска соработка на Србија и Словенија.
Брнабиќ и Пахор ја истакнаа важноста на соработката преку регионални иницијативи и процеси, како што се Берлинскиот процес или Процесот Брдо-Бриони, кои значително придонесоа за продлабочување на соработката во регионот на Западен Балкан.