Figen Shaban
02 Февруари 2018•Ажурирај: 02 Февруари 2018
ПРИШТИНА (АА) - Министерката за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска, која престојува во официјална посета во Косова беше пречекана со церемонија на воени почести во Министерството за безбедносни сили на Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
По средбата на министерка за одбрана на Македонија, Шекеринска, со министерот за безбедносните сили на Косово, Рустем Бериша, ќе се одржи состанокот меѓу делегациите на двете земји, а по средбите Шекеринска и Бериша ќе одржат заедничка прес-конференција.
Делегацијата од Македонија, предводена од министерката Шекеринска ќе ја продолжат работната посета во центарот за универзитетски студии на Безбедносните сили на Косово, во касарната „Адем Јашари“.
Министерката Шекеринска ќе се состане и со премиерот на Косово, Рамуш Харадинај.