Besar Ademi
01 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Февруари 2018
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во просториите на Собранието на Република Македонија се состана со специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за преговорите за спорот околу името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, јавува Anadolu Agency (АА).
Лидерот на ДУИ рече дека оваа средба е од голема важност, не само за мировните процеси во Македонија, туку и во целиот регион на Западен Балкан.
„Претставив некои од овдешните мислења, како и оние на Албанците, со што ќе го поддржиме Нимиц во оваа важна мисија. Се надеваме дека во најкраток можен рок ова прашање да добие епилог, бидејќи тоа има врска со нашата иднина, како и со мирот, стабилноста и безбедноста", рече Ахмети.
Медијаторот Нимиц рече дека на средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го претставил извештајот за своите активности во Атина, вклучувајќи ги и оние од денес со претставниците на Македонија.
„Тој ме запозна со неговите ставови и ставовите на неговата партија. Многу ги почитувам неговите ставови. Зборував и во минатото и сум добил добри совети. Разговаравме за го унапредиме процесот, а тој ми гарантираше дека ќе биде конструктивна сила во обидот да се поддржи фер решение”, рече Нимиц.
Посредникот на Обединетите нации (ОН) во спорот за името помеѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, престојува во посета на Република Македонија при што се состанува со претставниците на државно-политичкиот врв.