Bojan Bednar
22 Октомври 2022•Ажурирај: 24 Октомври 2022
БЕЛГРАД (АА) - Денес невладината организација „Жени во црно“ одржа едноминутно молчење и стоење во црнина на улицата „Кнез Михајлова“ во Белград, во знак на сеќавање на киднапирањето и убиството на Бошњаците во Сјеверин на 22 октомври 1992 година, известува Агенција Анадолија (АА).
„Жените во црно“ со транспаренти во рацете и пораката „Го паметиме злосторството во Сјеверин“ потсетија дека во 1992 година припадниците на паравоената формација „Одмаздници“ ги киднапирале жителите на селото Сјеверин од автобусот што сообраќал на релацијата Прибој - Рудо.
Жените носеа транспаренти со имињата на 17 Бошњачки и Бошњаци убиени во Сјеверин.

Со своите транспаренти тие порачаа дека се солидаризираат со жртвите и нивните семејства, и побараа одговорност за стореното злосторство.
Активистка на „Жените во црно“ со сол го испиша зборот Сјеверин, датумот на стореното злосторство и денешната годишнина со пораката: „Помниме!“.
Собирот во главниот град на Србија измина во вербална провокација на жените кои инсистираа на тоа дека „сите жртви треба да се помнат“.

Неколкумина странски туристи бараа објаснување од граѓаните и новинарите кому му бил посветен денешниот собир.
Собирот, како и сите претходни активности на „Жените во црно“ во Белград, го обезбедуваа униформирани полицајци и полицајци во цивилка.