Kemal Zorlak
20 Април 2016•Ажурирај: 20 Април 2016
САРАЕВО (АА) - Меѓу историските настани што се имаат случено на денешен ден издвојуваме:
1841 - Во филаделфискиот весник "Grahams Magazine" е објавен расказот на Едгар Алан По „Убиство во улицата Moрг”, кој се смета за прва детективска приказна.
1889 - Роден е Адолф Хитлер, германски и австриски политичар и диктатор. Како „Фирерот”, лидерот на нацистичка Германија, Хитлер се смета за главен и одговорен за Втората светска војна и прогонот на Евреите, холокаустот во кои се извршени некои од најлошите злосторства против човештвото во историјата. Хитлер бил претседател на Национал-социјалистичката работничка партија на Германија НСДАП.
1893 - Роден е актерот Харолд Лојд, еден од најпознатите комичари на немите филмови.
1902 - Марија и Пјер Кири изолираа радиоактивен елемент.
1906 - Роден е американскиот актер Веселин Маслеша, писател, новинар, партизански командант и народен херој на Југославија.
1968 - Британската рок група "Deep Purple", го одржа својот прв концерт.
1986 - Мајкл Џордан постави рекорд во плејофот во НБА, постигнувајќи на една утакмица дури 63 поени.
1999 - Се случи масакр во средното училиште Колумбин во Колорадо во Лителтон, загинаа дванаесет ученици на возраст од 14 до 18 години, еден учител, како и извршителите на масакрот во училиштето, Дилан Kлеболд (17) и Ерик Харис (18).