Mehmet Hatipoğlu
12 Декември 2016•Ажурирај: 13 Декември 2016
АТИНА (АА) - Во грчката престолнина, Атина, контролирано беше активирана бомба оставена пред зградата на Министерството за труд, јавува Anadolu Agency (АА).
Откако од непознато лице била примена дојавата за експлозивна направа во зградата на Министерството за труд во центарот на Атина, кое случајот го пријавило на весникот „Синтактон“, полицијата презела опсежни безбедносни мерки.
По истрагата, полицијата контролирано ја активираше експлозивната направа пронајдена во сомнителен ранец, закачен на оградата пред Министерството. Експертите што го прегледаа ранецот заклучиле дека станува збор за експлозивна направа.
Неодамна во Атина, две лица на мотор изведоа напад врз амбасадата на Франција, во која беше ранет еден припадник на обезбедувањето кој се наоѓал пред амбасадата.