Fatjon Cuka,Dzihat Aliju
16 Октомври 2021•Ажурирај: 17 Октомври 2021
ТИРАНА (АА) - Четворица Руси пронајдени се мртви во хотел во градот Каваја, во близина на Тирана, главниот град на Албанија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на локалната полициска управа во Тирана се наведува дека четворицата Руси биле пронајдени во сауната на хотел во селото Керет.
Пронајдени се безживотните тела на две жени и двајца мажи, на возраст од 31, 37, 58 и 60 години.
Во соопштението се наведува дека е во тек истрага за расветлување на инцидентот.
Полицијата не даде детални информации за причината за престојот на руските државјани во Албанија.
Постои сомнение дека Русите се задушиле.