Gorana Jakovljevic
16 Октомври 2021•Ажурирај: 17 Октомври 2021
БЕЛГРАД (АА) - Во последните 24 часа во Србија од последици предизвикани од Ковид-19 починаа 56 лица, а регистрирани се 6.051 нов случај, додека тестирани се 19.482 примероци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што се наведува на официјалната веб-страница covid19.rs, на болничко лекување се наоѓаат 6.641 лице, додека на респиратор се 278 пациенти.
Вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Србија од почетокот на епидемијата изнесува 9.052, а процентот на смртност е 0,87.
Вкупниот број на регистрирани случаи од почетокот на епидемијата е 1.043.758, а тестирани се вкупно 5.984.149 лица.