Балкан

Албанија работи на продлабочување на соработката со Белгија во одбранбената индустрија

„Заедно со Белгија работиме на продлабочување на соработката во одбранбената индустрија, како и на заеднички вежби и оперативна интероперабилност, како дел од напорите за зајакнување на нашите капацитети и регионалната безбедност“

Ahmet Nurduhan  | 20.01.2026 - Обновена : 21.01.2026
Албанија работи на продлабочување на соработката со Белгија во одбранбената индустрија Фото: Министерство за одбрана на Албанија

ТИРАНА (AA) - Министерот за одбрана на Албанија, Пиро Венгу, изјави дека неговата земја работи на продлабочување на соработката со Белгија во областа на одбранбената индустрија, пренесува Анадолу.

Во соопштението на Министерството за одбрана на Албанија се наведува дека министерот Венгу се сретнал со белгискиот колега Тео Франкен​​​​​​​ во главниот град Тирана.

На средбата беше разговарано за зајакнување на односите меѓу двете земји во областа на одбраната, како и за заеднички воени вежби.

Истакнувајќи дека Белгија е пријател и сојузник на неговата земја, Венгу изјави: „Задоволство ми беше да го пречекам во Тирана мојот белгиски колега Тео Франкен, кој е вреден пријател на нашата земја.“

Венгу додаде: „Заедно со Белгија работиме на продлабочување на соработката во одбранбената индустрија, како и на заеднички вежби и оперативна интероперабилност, како дел од напорите за зајакнување на нашите капацитети и регионалната безбедност.“

На средбата исто така беа разгледани регионалната стабилност и безбедност, како и процесот на пристапување на Албанија во Европската Унија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.