Fatjon Cuka
26 Јуни 2017•Ажурирај: 26 Јуни 2017
ТИРАНА (АА) - Централната изборна комисија (ЦИК) на Албанија ги објави првичните резултати според досега избројаните 35,64 отсто од гласовите на парламентарните избори во Албанија коишто се одржаа вчера, јавува Anadolu Agency (AA)
Според првичните информации објавени од страна на ЦИК, од избројаните 35,64 отсто од гласовите, односно 1.911 избирачки центри од вкупните 5.362, Социјалнистичката партија на Албанија (ПС), предводена од страна на пермиерот Еди Рама, кој истовремено е кандидат за премиер на оваа партија, е во предност со 49,46 отсто од гласовите.
Според овие информации, Демократската партија на Албанија (ПД) предводена од страна на Љуљзим Баша, кој истовремено е кандидат за премиер, освои 28,38 отсто од гласовите, додека партијата Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ), со кандидат за премиер Петрит Васили, кој истовремено е и лидер на оваа партија, освои 15,13 отсто од гласовите.
Според соопштеното, процесот на броење на гласовите низ целата земја ќе продолжи во текот на денешниот ден.
Потсетуваме, вчера во Албанија се одржаа парламентарните избори, на коишто учествуваа 18 политички партии.
Секој граѓанин со право на глас можеше да гласа во вкупно 5.362 избирачки центри низ цела Албанија. Парламентарните избори беа набљудувани од страна на 5.351 набљудувач, од кои 896 од меѓународните мисии за набљудување.